Утрински Весник
Свет

Путин: Русија и Кина развиваат високотехнолошки оружја

Путин: Русија и Кина развиваат високотехнолошки оружја

Русија и Кина заеднички развиваат високотехнолошки оружја додека остваруваат соработка во областа на безбедноста, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на традиционалната годишна прес-конференција.

„ Со Кина соработуваме на полето на безбедноста. Вооружените сили на Кина се опремени со најнапредни системи за оружје“, рече Путин, а пренесува руската агенција ТАС С.

„ Дури и заедно развиваме одредени видови високотехнолошки оружја. Соработуваме во сферата на вселената и производството на авиони и хеликоптери“, рече рускиот претседател.

Путин ги пофали руско-кинеските стратешки врски како фактор на стабилизација на глобалната сцена.

„ Ова е целосно сеопфатно стратешко партнерство, кое е без преседан во историјата, барем меѓу Русија и Кина. Секојдневната активна работа е поволна и за Кинезите и за Русите и останува сериозен стабилизирачки фактор на меѓународната сцена“, заклучи Путин.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени