Утрински Весник
Свет

Путин: Повлекувањето на САД од Договорот за ИНФ е сериозна грешка

Путин: Повлекувањето на САД од Договорот за ИНФ е сериозна грешка

Повлекувањето на САД од Договорот за ликвидација на ракетите со среден и краток дострел е сериозна грешка, вели рускиот претседател Владимир Путин.

Тој додава дека ова го зголемува ризикот од трката во вооружување.

Русија сè уште е убедена дека Договорот за ИНФ е важен елемент на архитектурата насочен кон обезбедување на глобална безбедност и стратешка стабилност, се вели во соопштението за дополнителните чекори насочени кон деескалација на тензиите во Европа по раскинувањето на Договорот за ИНФ издаден од прес-службата на Кремљ, јави ТАСС.

Договорот играше посебна улога во одржувањето на предвидливоста и воздржаноста на ракетното поле во Европа, се вели во соопштението.

Ние веруваме дека повлекувањето на САД од Договорот за ИНФ, што доведе до раскинување на договорот, е сериозна грешка што го зголемува ризикот од трката со вооружување, од конфликт и неконтролирана ескалација, посочи претседателот на Русија.

Со оглед на постојаните тензии меѓу Русија и НАТО, новите закани по европската безбедност се јасни, додаде тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите 

Инсталација на гас експлодира во кафуле во Мадрид, над 25 лица повредени