Утрински Весник
Свет

Путин објави: Русија ја регистрираше втората вакцина против коронавирус

Путин објави: Русија ја регистрираше втората вакцина против коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владимир Путин рече дека Русија ја регистрирала втората вакцина против Ковид-19.

Вакцината е развиена од Центарот за вирусологија и микробиологија „Вектор“, пренесуваат руските медиуми, а е регистрирана денес.

Претходно, министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко, објави регистрација на нова руска вакцина против коронавирус.

Тој рече дека две руски вакцини се во фаза на клиничко тестирање, истакнувајќи дека вакцината „Спутник V“ е веќе регистрирана.

„Планираме да регистрираме една од вакцините на клиничко испитување и оваа недела да ја започнеме фазата на производство“, посочи Мурашко.

Ана Попова, директорка на Федералната служба за надзор на правата на потрошувачите и благосостојба на човекот, претходно изјави дека втората фаза на тестирање на вакцината на  „Вектор“ е успешна, дека волонтерите развиле антитела и дека никој од нив не покажал никакви клинички симптоми по примањето на вакцината.

Оваа вакцина, како и „Спутник V“, не ја ни започнаа клучната трета фаза од испитувањето, пред да бидат регистрирани.

Научниците сè уште чекаат да ги добијат сите податоци за вакцината „Спутник V“, за која Москва тврди дека е безбедна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година