Утрински Весник
Свет

Путин не планира да разговара со чешката влада

Путин не планира да разговара со чешката влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, не планира да разговара со чешката влада за влошувањето на руско-чешките односи, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Нема такви планови“, рече Песков, одговарајќи на поставеното прашање на таа тема.

Москва смета дека потегот на Прага за протерување руски дипломати е штетен за билатералните односи.

„Дефинитивно ги сметаме постапките на Прага неразумни и штетни за билатералните односи. Веруваме дека во овој вид политика нема здрав разум. Се чини дека се работи за обид за копирање на ‘Големиот брат’ во странство со преземање непредвидливи и агресивни активности”, истакна тој.

Според Песков, неоснованите обвинувања на Прага се апсолутно безобразни.

Како одговор на прашањето дали Москва ги разгледала наводите на Прага дека руските државјани Александар Петров и Руслан Боширов биле вклучени во инцидентот во Врбетице, Песков рече:

„Ваквите апсурдни обвинувања не може да бидат предмет на разгледување“.

На 17 април чешката влада најави протерување на 18 вработени во руската амбасада во Прага, кои наводно биле офицери на руските разузнавачки служби. Овој потег е поврзан со новите обвинувања од Прага за експлозијата во Врбетице во 2014 година. Според извештаите, офицерите на военото разузнавање на Русија наводно биле вклучени во споменатиот инцидент.

Руското Министерство за надворешни работи изрази силен протест до Прага во врска со чекорите преземени под неосновани и далекусежни изговори, а прогласи и 20 лица вработени во амбасадата на Чешка во Москва за персона нон грата.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги отфрли постапките на Прага како циркус, додавајќи дека тие демонстрираат недостиг од каква било независна политика во меѓународните односи.

Можете да прочитате

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“