Утрински Весник
Свет

Путин: Не можам да гарантирам дека Навални ќе излезе жив од затвор

Путин: Украина ја претвораат во антирусија
Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не може да гарантира дека опозицискиот лидер Алексеј Навални ќе излезе жив од затвор. Тој исто така негираше дека нарачал обид за атентат врз Навални.

На прашањето дали може да гарантира дека Навални ќе излезе жив од затвор, Путин рече дека не зависи од него.

„ Погледнете, ваквите одлуки во оваа земја не ги носи претседателот. Нема да се однесуваат кон него полошо од кој било друг“ рече Путин.

Рускиот претседател уште еднаш негираше вмешаност во нападот врз Навални.

„ Немаме ваква навика да убиваме во кое било време“ нагласи тој и исто така негираше дека Москва стои зад неодамнешниот кибер напад врз американската компанија „СоларВиндс“ и мешањето во американските избори во 2020 година.

„ Ние сме обвинети за разни работи. Мешање во избори, сајбер напади и така натаму. И ниту еднаш, ниту еднаш и ниту еднаш не се потрудија да дадат доказ. Тоа се едноставно неосновани обвинувања“ истакна Путин.

Тој оцени дека руско-американските односи „паднале на најниската точка во последните години“, но дека тој и Бајден ќе можат да работат заедно на прашања од „заеднички интерес“, како што е контролата на оружјето. Путин неодамна рече дека Бајден е „ кариерен политичар“, додека неговиот претходник Доналд Трамп го опиша како „живописна личност“.

Изјавите на Путин, дадени во интервју за „Ен-Би-Си Њуз“, се нова провокација на рускиот лидер пред утрешниот самит со неговиот американски колега Џо Бајден. Двајцата лидери утре ќе се сретнат во Женева, во услови на ескалација на тензиите околу сајбер нападот на Кремљ и мешање во изборите во САД, а Бајден се очекува да го отвори прашањето за Навални.

Вчера Бајден процени дека ќе биде „трагедија“ доколку Навални умре во затвор.

„ Тоа само би им наштетило на неговите односи со остатокот од светот и со мене“, рече тој на конференцијата во Брисел по самитот на НАТО, осврнувајќи се на Путин.

Можете да прочитате

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник

Ненси Пелоси најави дека ќе се пензионира

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк