Утрински Весник
Свет

Путин му го честита роденденот на Горбачов

Путин му го честита роденденот на Горбачов

Рускиот претседател Владимир Путин му го честиташе 91 роденден на последниот претседател на СССР Михаил Горбачов, соопшти денеска Кремљ.

„ Живеевте долг и исполнет живот, поради што со право сте заслужиле голем престиж и признание. Задоволство е да се види вашата работа како придонесува за реализација на неопходните социјални, образовни, хуманитарни проекти и развој на меѓународната хуманитарна соработка” се вели во честитката на Путин, објавена на сајтот на Кремљ.

Рускиот претседател на Горбачов му посака здравје, сила и се најдобро. Горбачов ја доби Нобеловата награда за мир во 1990 година.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа