Утрински Весник
Свет

Путин меѓу првите ја прими новата руска вакцина во спреј против Ковид-19

Путин меѓу првите ја прими новата руска вакцина во спреј против Ковид-19

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека е меѓу првите кои ја примиле новата “пионерска” руска вакцина против Ковид-19.

Имено, тој ја примил вакцината во спреј, која му била ставена преку нос без игла, како дел од неговата реимунизација.

Путин потврдил дека примил назална формула, заедно со бустер доза вакцина, пренесува РТ.

– Ме замолија длабоко да вдишам и да избројам до три – изјавил рускиот претседател и додал дека за време на процесот не почувствувал ништо.

– Шест месеци после вакцинацијата, нивото на моите антитела опадна и стручните лица ми препорачаа да се ревакцинирам – објаснил Путин.

Можете да прочитате

Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал

Два големи земјотреси регистрирани во Венецуела

Топлотен бран беснее низ Европа: Црвен аларм во Британија