Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин излегува од самоизолација, најпрво ќе се сретне со Ердоган

Путин излегува од самоизолација, најпрво ќе се сретне со Ердоган
300x250 opst2

Средбата на рускиот претседател Владимир Путин со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, што ќе се одржи подоцна денеска во Москва, значи дека Путин ја прекинува двонеделната самоизолација во која влезе поради контакт со неколку лица заразени со коронавирусот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Денешната средба со Ердоган може да се смета за излез на Путин од самоизолација“, рече Песков, одговарајќи на прашање на новинарите на брифингот во Москва, а пренесува ТАСС.

Путин започна со самоизолација пред две недели, поради контакт со неколку луѓе од неговата околина кои биле позитивни на Ковид-19.

Како што претходно објави Песков, Путин денеска ќе се сретне со Ердоган, но на повеќето други разговори или самити ќе учествува преку видео врска.

Тој прецизира дека средбите на Путин ќе бидат онлајн од превентивни причини, поради пандемијата.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари