Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин до Западот: Ги плашите граѓаните, а за се ја обвинувате Русија

Img 7972

Западните земји шпекулираат на тема еколошки проблеми, ги плашат граѓаните со нови мерки a за се ја обвинуваат Русија, изјавил рускиот претседател Владимир Путин, пренесуваат руските агенции.

dobivaj vesti na viber

„Во некои западни земји денес се соочуваат со енергетски проблеми, додека еден од проблемите се шпекулациите за екологијата“, рекол Путин на форумот „Силни идеи за ново време“.

„Тие шпекулираат по тоа прашање со тоа што ги плашат луѓето со еколошки проблеми, а потоа носат неразумни одлуки“, забележал рускиот претседател, пренесува „Спутник“.

„Секако дека треба да се занимаваме со екологија“, заклучил Путин и потсетил дека Русија има соодветна програма за тоа.

Додал дека му покажале слика, која се шири низ Европа.

„На сликата има човек и под него пишува: „Сакате да го налутите Путин, измијте ги само овие четири делови од телото“. Што значи тоа? Дали се луди. Заштеда на вода, струја, какви глупости. Направија грешка и сега не знаат што да прават со тоа и ги бараат виновниците“, изјавил Путин.

Можете да прочитате

Израел нема да го отвори граничниот премин Рафах

Русија им предаде на САД декласифицирани советски документи за атентатот на Кенеди

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус