Утрински Весник
Свет

Путин веројатно ќе мора во изолација

Путин веројатно ќе мора во изолација
Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека најверојатно ќе оди во изолација затоа што луѓе од неговиот близок круг се позитивни на Ковид-19.

На средбата со параолимписките спортисти, Путин рече дека дури и во неговата околина луѓето имаат проблеми со коронавирусот и нагласи дека е неопходно да се разбере што всушност се случува, пренесе Тасс.

„Можеби наскоро ќе треба да се изолирам, многу луѓе се болни“, истакна рускиот претседател.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за Тасс изјавил дека засега сè уште нема промени во врска со распоредот на Путин.

Можете да прочитате

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор

Најмалку 40 мигранти загинаа во бродолом во близина на Тунис

Белгиската армија доби овластување за соборување беспилотни летала