Утрински Весник
Свет

Путин: Ако можеше Косово да стане независно, можат и Доњецк и Луганск

Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин одржа прес-конференција во Москва по средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

На конференцијата Путин го даде и своето оправдување за актуелната ситуација во Украина.

„Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск станаа независни по аналогија со одлуката на Меѓународниот суд на правдата за Косово, изјави рускиот лидер Владимир Путин на средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Јас сум многу добро запознаен, лично ги прочитав документите на Меѓународниот суд на правдата на ОН за Косово. Добро се сеќавам на одлуката на Меѓународниот суд на правдата, во која се вели дека при остварување на правото на самоопределување, одредена територија на ниту една држава не е обврзана да бара дозвола од централните власти за да се изјасни за својот суверенитет.

Тоа беше кажано во врска со Косово и тоа е одлука на меѓународниот суд. Таа одлука сите ја поддржаа. Лично ги прочитав сите тие коментари на органите на САД, европските земји, сите тоа го поддржаа. Ако тоа е така, тогаш ДНР и ЛНР имаат исто право да прогласат свој суверентитет, не обраќајќи се на централните власти на Украина, бидејќи преседанот е направен“, рече Путин.

Рускиот лидер истакна дека Русија била принудена да ја признае независноста на ДНР и ЛНР за да се запре геноцидот што Киев го вршел врз локалното население.

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан