Утрински Весник
Македонија

Пулмологија доби донација од 200 заштитни маски и 48 комплети постелнина

Пулмологија доби донација од 200 заштитни маски и 48 комплети постелнина

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Двесте заштитни маски, како и перници, навлаки за перници, чаршафи и прекривки за 48 болнички кревети доби Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Станува збор за донација од фирмата за постелнини „Студио Цаки – С”, информираа од Клиниката.

– Во моменти на пандемија од Ковид-19 потребно е вклучување на сите поединци и компании за што поуспешно справување со кризата и спречување на ширењето на вирусот, изјавија од фирмата и воедно им посакуваат на сите заболени што побрзо оздравување. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски учествува на висок министерски форум во Истанбул

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД

Викендов сончево и малку посвежо време