Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пукна брана во североисточниот дел на Бразил – на градот му се заканува катастрофа

Пукна брана во североисточниот дел на Бразил – на градот му се заканува катастрофа
Img 7972

После неколку недели обилни дождови, пукна брана во североисточната бразилска провинција Баија, што доведе до дополнително зголемување на нивото на водата на веќе надојдените локални реки, додека на населението му се закануваат поплави, објавија регионалните власти.

Браната Игуа се наоѓа во близина на градот Виторија да Конквиста во јужниот дел на Баија, па властите ги евакуираа жителите на кои им се закануваа поплави, главно во малиот град Итамбе.

Според сегашните, ограничени, податоци, нема загинати или повредени, ниту поголема материјална штета.

Тамбе е земјоделски регион во внатрешноста на Бразил на околу 200 километри од крајбрежниот град Илхеус.

Градоначалничката на Виторија да Конквист, Шила Лемос, изјави дека сите луѓе кои живеат во близина на реката се евакуирани, додавајќи дека сообраќајот на автопатот БР-116, главната врска меѓу североисточниот и јужниот дел на Бразил, може да биде прекинат.

Од почетокот на ноември во таа бразилска сојузна држава загинале 17 луѓе, а официјалните лица велат дека во декември биле забележани шест пати повеќе врнежи од просекот.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори