Утрински Весник
Свет

Пукање на повеќе места во Синсинати – најмалку четворица убиени и 18 повредени

Пукање на повеќе места во Синсинати – најмалку четворица убиени и 18 повредени

Најмалку четворица луѓе се убиени и 18 се повредени во пукање на три различни локации во раните утрински часови во градот Синсинати во американската сојузна држава Охајо, соопшти полицијата.

Според информациите, во квартот Преко Рајна на југозапад во Синсинати, биле застрелани 17 лица, двајца се мртви, соопштил заменик началникот на полицијата Пол Њудигејт.

Во квартот Валнат Хилс биле застрелани уште тројца, а во Авондејл, кварт во централниот дел на Синсинати, биле застрелани четворица, од кои двајца фатално.

Според информациите од полицијата, пукањата во сите квартови се случиле во интервал од 60 до 90 минути и се работи за трагични, но и одделни инциденти.

Од минатата година, бројот на вооружени инциденти во Синсинати е во пораст, открива весникот „Енквајерер“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран