Утрински Весник
Македонија

Пукање во старата чаршија, повреден турски државјанин

Синоќа, околу 23 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 30-годишниот турски државјанин М.Е.Е, со привремен престој во Скопје, поради сомнение дека со огнено оружје пукал кон свој сонародник.

Како што информираат од МВР, околу 22 часот, пред угостителски објект на улицата „Казанџиска“, М.Е.Е. пукал од огнено оружје и му нанел повреди на С.Б. од Република Турција.

Триесетгодишникот бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026

Во недела почнува летното сметање на времето