Утрински Весник
Свет

Пукање во Оклахома: Едно лице загина, седум се повредени

По масакрот во училиште во Тексас во САД оваа недела, во кој 18-годишник уби 21 лице, денеска во Оклахома се случи престрелка.

Едно лице загина, а седум се повредени во престрелка на Денот на сеќавањето. Меѓу ранетите наводно има и двајца малолетници. Локалните власти соопштија дека на престрелката и претходела расправија. Наводно, засега никој не е уапсен.

Околу 1.500 луѓе присуствуваа на настанот за Денот на сеќавањето во близина на градот Тафт. Американските медиуми претходно предупредија на фрапантен пораст на бројот на убиства меѓу цивилното население.

Властите не открија повеќе детали за инцидентот, јавува АП.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking