Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

ПСЖ ја изнајмија Ајфеловата кула, се чека потписот на Меси

ПСЖ ја изнајмија Ајфеловата кула, се чека потписот на Меси
300x250 opst2

Повеќе извори од Франција, Шпанија и Јужна Америка, тврдат дека Лионел Меси веќе ги договорил личните услови со Пари Сен-Жермен и дека се чека само формална потврда на договорот, а во исто време доаѓа веста дека и за на 10 август, ПСЖ ја „закажале“ Ајфеловата кула, нешто што последен пат го направија на промоцијата на Нејмар.

По вчерашната „бомба“ со најавата дека Барселона не е способна да му даде нов договор дури и со 50 отсто намалување на платата, се јавија неколку јасни кандидати како негов следен клуб, во прв план Пари Сен-Жермен и Манчестер сити, иако денеска „АС“ тврдеше дека и Челси влегуваат во трката.

Се верува дека преговорите ќе можат да завршат во следните 24 часа, нешто што го јавува „ТНТ Спорт“ од Аргентина и францускиот експерт за трансфери, Сабер Дефарж. Меси би заработувал по 30 милиони евра по сезона плус бонуси, нешто што малку клубови можат да си го приуштат.

> ПСЖ ја изнајмија Ајфеловата кула, се чека потписот на Меси <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај