Пари Сен-Жермен се пласираше во четврт-финалето на Куп де Франс, откако на „Паркот на принцовите“ ги совлада големите ривали од Лил со 3:0, резултат кој ќе го охрабри тимот на Маурисио Почетино, бидејќи токму Лил се лидери во францускиот шампионат.
Мауро Икарди ги донесе „светците“ во водство во деветтата минута, а како и многу пати оваа сезона, човек на одлука потоа беше Килијан Мбапе, кој постигна два гола, првиот во 41. минута, а вториот во 93. минута, откако Лил утнаа пенал во 78. минута преку Турчинот Јусуф Јазичи.
Лил, инаку има три поени предност пред ПСЖ на врвот на Лига 1 на 10 кола пред крајот на шампионатот.
KYLIAN MBAPPE BRACE, 28th goal of the season ??
pic.twitter.com/yXFSEyq2gO— KMbappeTeam (@KMbappeTeam) March 17, 2021
> ПСЖ ја доби пресметката со Лил за четврт-финале во Францускиот куп <