Утрински Весник
Спорт

ПСЖ потврди: Тројца играчи прележале коронавирус

ПСЖ го склучи најголемиот спонзорски договор во својата историја

Париз, 23 јуни 2020 (МИА) – Пари Сен Жермен на својата клупска веб-страница потврди дека тројца играчи и еден тренер на екипата биле заразени со коронавирус за време на карантинот. Сепак, тие не дадоа конкретни имиња.

– Вчера беа извршени ПЦР и серолошки тестови пред продолжување на тренинзите на првиот тим. Резултатите на тројца играчи и еден тренер на Пари Сен Жермен покажаа минато заболување од КОВИД-19. Инфицираните имале симптоми за време на самоизолација и не биле во контакт едни со други. Тие веќе не се заразни и можат да ја продолжат својата програма за тренизни, се вели во соопштението на ПСЖ.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

САД не одобрија визи за дел од стручниот штаб на Иран пред СП

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026

Јамал фудбалер на сезоната во Ла Лига