Утрински Весник
Спорт

ПСЖ му смести 4 „парчиња“ на Ремс, но Лил и со 0:0 е во пол позиција

ПСЖ му смести 4 „парчиња“ на Ремс, но Лил и со 0:0 е во пол позиција

Францускиот шампион ПСЖ вечерва со високи 4-0 славеше на „Паркот на принцовите“ против тимот на Ремс.

Нејмар и Мбапе во првото и Маркињос, односно Кин во вториот дел беа творци на победата.

Сепак, во Париз очите беа вперени кон Лил каде лидерот на табелата во Лига 1 играше со тимот на Сент Етјен. Мечот заврши без голови 0-0, но и со тој еден бод Лил е во „пол позиција“ пред последното коло во францускиот шампионат.

Лил сега има 80 бодови, додека ПСЖ бод помалку.

И двете екипи во последното коло играат на гости. Лил му гостува на 12-то пласираниот Анжер, додека 16-то пласираниот Брест кој се уште се бори за опстанок ќе го дочека се уште актуелниот шампион.

> ПСЖ му смести 4 „парчиња“ на Ремс, но Лил и со 0:0 е во пол позиција <

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид