Утрински Весник
Спорт

ПСЖ го освои последниот Лига куп против Лион по пенал драмата, но ги загуби Икарди и Курзава

ПСЖ го освои последниот Лига куп против Лион по пенал драмата, но ги загуби Икарди и Курзава

Пари Сен-Жермен ја освои тројната титула во Франција, откако во драматичното (но, не и многу интересно) финале на Лига купот по меч без голови и по продолженијата со 6:5 на пенали го совлада Лион во меч во кој поради повреда ги загубија Мауро Икарда и Лајвин Курзава. Ова е можеби последна титула од Лига купот во Франција, откако федерацијата од следната сезона го стави натпреварувањето „на пауза“.

По 90 минути, ПСЖ без Килијан Мбапе во тимот не успеа да го „скрши“ отпорот на Лион, со малку шанси, од кои најдобрата беше таа на Нејмар во финишот на мечот.

Во пенал-драмата пак, првите пет удари на двата тима завршија во голот, пред Бертран Траоре од Лион да утне во шестата серија, а Пабло Сарабија да ја смести топката во мрежата.

Претходно, Икарди мораше да излезе од игра во 58. минута поради повреда на коленото, а подоцна и Курзава беше заменет поради слична повреда, зголемувајќи ги маките на Томас Тухел пред пресметката во Лигата на шампионите со Аталанта.

> ПСЖ го освои последниот Лига куп против Лион по пенал драмата, но ги загуби Икарди и Курзава <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига