Утрински Весник
Македонија

Прскање против комарци во општините од Југоистокот

Прскање против комарци во општините од Југоистокот

Струмица, 4 јуни 2020 (МИА) – На 10 и 11 овој месец во десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе се организира прво прскање против комарци по земјен пат, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Како што информираат оттаму планирани се две третирања за ларвициди и три третирања против адултни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 хектари.

На 10 јуни ќе се прска против комарци од 18:00 до 02:00 часот во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица, а на 11 овој месец во период од 19:00 до 02:00 часот во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во перодите кога ќе се прска. рт/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Собранието го изгласа Законот за средно полициско училиште

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Мицкоски: Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици