Утрински Весник
Македонија

Прскањето против комарци во Крива Паланка и Кратово одложено за утре

Прскањето против комарци во Крива Паланка и Кратово одложено за утре
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Крива Паланка, 18 јуни 2020, (МИА) – Поради неповолни временски услови и врнежи од дожд утринава, планираното прво прскање против комарци на подрачјето на општините Крива Паланка и Кратово за 2020 година е оложено за утре.

-Иако сите подготовки беа извршени рано утринава, и очекувавме да се реализира активноста, дождот кој е најавен и за попладне ја одложи активноста, изјави градоначалникот на Општина Кратово, Љупчо Бојаџиев.

Доколку временските услови бидат поволни, утре, 19 јуни, во раните утрински часови, во периодот од пет до осум часот ќе се изврши авионското прскање за заштита од комарци на подрачјето на општина Кратово и на Општина Крива Паланка.

Одговорните ги информираат сопствениците на пчелни семејства во времето на прскање и три до четири часа подоцна, да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средствата со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелите.иб/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника

Сиљановска-Давкова – Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност