Утрински Весник
Македонија

Проширениот булевар „АСНОМ“ пуштен за сообраќај

Од утре скопјани ќе возат по новиот булевар „АСНОМ“

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Граѓаните на Скопје од денеска може да возат на проширениот булевар „АСНОМ“ во општината Аеродром, кој има по три коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило.

Првата фаза од реконструкцијата на булеварот „АСНОМ“ беше на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до крстосницата со булеварот „Србија“ кај мостот Близнак..

По оваа фаза, булеварот преку новиот мост, што е веќе во изградба, треба да се поврзе со населбата Ќерамидница во општина Гази Баба, а оттука и Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем. Само пред неполн месец, по отварањето на новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел и булеварот „Никола Карев“ (познат како Пластичарска), за кратко време ова е веќе трета нова сообраќајница за развој на Скопје. Во моментот се работи и на четврт булевар, односно на втората фаза од изградбата на новиот булевар „Босна и Хецеговина“. Чекор по чекор, Скопје добива една поинаква приказна, истакнуваат од Град Скопје. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Андреј од ДНК доби мурал во скопската населба Аеродром

ЕУСАИР Форум на Крит – Муртезани: „Преку соработка и поврзаност до заедничка европска иднина“

Меџити: Ја отворивме вратата кон 600 милиони евра за зелени проекти на ЕУ