Утрински Весник
Спорт

Против Норвешка Македонија ќе го отвори СП

Македонија на Светското првенство во Полска и Шведска ќе се натпреварува во Ф-групата, во Краков, против Норвешка, Холандија и Аргентина.

Ракометниот мундијал ќе се игра од 12. до 29.јануари наредната година. Учество ќе земат 32 репрезентации поделени во осум групи. По три селекции од секоја група ќе ги продолжат натпреварите во гчавната фаза.

Македонија првиот меч ќе го одигра против главниот фаворит во групата Норвешка на 13.јануари, два дена подоцна противник на нашите ракометари ќе им биде Холандија, а на 17.јануари македонија ќе игра против Аргентина.

Сите натпревари Македонија ќе ги одигра во терминот од 20.30 часот.

Фото/ macedoniahandball.com.mk/

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина