Утрински Весник
Свет

Протест против задолжителната вакцинација и носење маски во Нов Зеланд

Протест против задолжителната вакцинација и носење маски во Нов Зеланд

Стотици луѓе во Нов Зеланд, кои се против задолжителната вакцинација и носење маски, денеска протестираа пред зградата на парламентот во Велингтон, каде што пратениците повторно се собраа по летниот распуст.

Претежно демаскирани демонстранти возеа кон главниот град од сите делови на земјата, а нивните возила со часови ги блокираа централните улици, јавува ТВ мрежата ABC News.

Демонстрантите протестираат против барањето одредени работници, како што се наставници, лекари, медицински сестри, полицајци и војници, да се вакцинираат против коронавирус, како и поради обврската за носење маски во продавниците и кај децата над 8 години во училишните училници.

Нов Зеланд досега не се соочи со такви драматични последици од пандемијата, бидејќи ги затвори своите граници и воведе строги ограничувања.

Таа нација, со население од пет милиони, пријавила само 53 смртни случаи од КОВИД.

Сепак, некои граѓани се уморни од ограничувањата.

Премиерката на Нов Зеланд минатата недела рече дека земјата постепено ќе ги укине условите за карантин за патниците кои доаѓаат во Нов Зеланд по повторното отворање на границите.

Бидејќи околу 77 проценти од Новозеланѓаните се целосно вакцинирани, таа вети и дека нема да воведе дополнителни заклучувања.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking