Утрински Весник
Свет

Протест на италијанската полиција – не сакаат розови заштитни маски

Протест на италијанската полиција – не сакаат розови заштитни маски

Италијанската полиција протестираше до МВР поради набавката на розови заштитни маски, кои полицајците треба да ги носат на должност, тврдејќи дека бојата го нарушува нивниот углед.

„Не ја разбираме причината за набавката на маски во боја, кои на прв поглед би биле несоодветни за нашата администрација“, се вели во писмото на полицискиот синдикат до Министерството за внатрешни работи, пренесува „Ројтерс“.

Полициските службеници оценуваат дека „оваа набавка е збунувачка“ и дека со оглед на тоа што здравствената криза трае две години, би требало лесно да се набават соодветни заштитни маски.

Во иднина маските да бидат само црни, бели или сини, бараат полицајците во писмото.

Од италијанското МВР не се огласија во оваа пригода.

Можете да прочитате

Зеленски: Украина има „неоспорни“ докази дека Русија му дава разузнавачки податоци на Иран

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО СОФИЈА: Запленети околу еден милион фалсификувани евра

Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран