Утрински Весник
Македонија

Протест за слобода на осудените за упадот во Собранието

Протест за слобода на осудените за упадот во Собранието

По повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, македонски организации од Европа, Канада, САД и Австралија денеска во 11 часот организираат мирен протест под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“. Протестот ќе почне пред Владата, а ќе заврши пред Собранието.

Повеќе опозициски партии, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ, TMРО, Единствена Македонија, Интегра, Подем го поддржаа протестот. Од протестот до претседателот на Македонија, до Собранието, Владата, до верските заедници во Македонија, до ОН, Советот на Европа, ЕУ, НАТО и ОБСЕ ќе биде испратена Декларација за слобода на уставобранителите.

„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Можете да прочитате

(Фото) Мочуриште во Клиничкиот центар во Скопје, здравството буквално тоне

Судот во Струга изрече парична казна за Мерко за несовесно работење во службата

Уапсен е вработениот во НБРМ кого Велибор Манев го посочи дека го уништил пиштолот со кој била убиена Вања