Утрински Весник
Свет

Протести низ САД под слоганот „Подалеку од нашите тела“ – демонстрантите бараат заштита на правото на абортус

Демонстрантите се собраа ширум САД во вторникот и протестираа под слоганот „подалеку од нашите тела“, барајќи заштита на правото на абортус, откако во јавноста стигна нацрт-одлуката на Врховниот суд со која може да се укине правото на абортус, пренесува „Телеграф“.

Ако Врховниот суд ја поништи пресудата од 1973 година, тоа би значело дека абортусот нема да биде дозволен во околу половина од сојузните држави.

Неколку илјади луѓе се собраа на митингот за правото на абортус во Њујорк, а протести се одржаа и во Вашингтон, Атланта, Чикаго, Денвер, Лос Анџелес и Сиетл, објави „Ројтерс“.

Од Врховниот суд потврдија дека нацртот што го објави порталот „Политико“ е автентичен, но посочија и дека нацртот не претставува судска одлука или конечен став на кој било член за прашањата во тој случај, пренесува „Телеграф“.

Можете да прочитате

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија

Санчез бара отворање на Хормуз: Светот не смее да ја плати цената на оваа војна