Утрински Весник
Економија

Протестите на тутунарите ставени во мирување, следниот петок повторно состанок

Протестите на тутунарите ставени во мирување, следниот петок повторно состанок

Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, денеска одржа работен состанок со Сојузот на тутунарски здруженија, Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и претставници на откупните компании.

Како што информираат од ресорното министерство, постигнат е заеднички договор за прекин на протестите.
Договорено е сите откупни пунктови да продолжат со откупот и сите останати да се отворат согласно законскиот рок – 15 декември.

„За разлика од другите години оваа година многу е мал процентот на откуп, само 1,6 % споредено со истиот овој период лани кога биле откупени 40% и тоа е загрижувачка слика. Но веќе имаме позитивни сигнали, задоволни излегоа и претставниците на одборот на тутнопроизводителите кои протестираа. Прекинувањето на протестите е позитивен сигнал и можам да кажам дека имаме првичен договор“, изјави министерот Хоџа.

Министерот побара од директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, инспекторите да бидат присутни со засилени контроли, да го следат откупот и законски да постапуваат за сите евидентирани нерегуларности.

„Тутунопроизводителите да продолжат да го носат тутунот, а сите кои ќе бидат незадоволни од проценетата класа на тутун, слободно да се повикаат на второстепена комисија“, порача Хоџа.

Тој побара трпение и доверба помеѓу сите учесници во процесот.

За следниот петок закажан е заеднички состанок во Прилеп за да се направи проценка дали е постигнато подобрување во откупниот процес на тутун од годинешната реколта.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртиот квартал од 2025 година

ДУИ: Симболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денар

Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција