Утрински Весник
Економија

Просечната плата во јуни 28.744 денари

Просечната плата во јуни 28.744 денари

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јуни годинава изнесува 28.744 денари, а просечната бруто палта 42.950 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата е за 7,0 отсто повисока отколку во јуни минатата година, додека бруто платата е повисока за 7,1 отсто.

Зголемувањето кај нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (20,5) и Информации и комуникации (14,1 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,3 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2,6 ) и Рударство и вадење на камен (1,6 отсто).

Зголемувањето на бруто платата, пак, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,3 отсто), Уметност, забава и рекреација (21,1) и Информации и комуникации (14,1 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (5,3 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2,7) и Рударство и вадење на камен (1,7 отсто).

Можете да прочитате

Скандал: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење”

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година