Утрински Весник
Македонија

Проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ ќе одржи предавање за безбедносните ризици на Софискиот Универзитет

Проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ ќе одржи предавање  за безбедносните ризици на Софискиот Универзитет

Проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ и професор на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Марјан Ѓуровски во рамки на дводневната работна посета на Софискиот Универзитет денеска во Ректоротот ќе одржи предавање на тема „Безбедносните ризици за Северна Македонија и Западниот Балкан: регионални предизвици и приоритети“.

Се очекува проректорот Ѓуровски да биде примен од Ректорот на Софискиот Универзитет проф. д-р Анастас Герџиков каде ќе се разговара меѓу другото за имплементацијата на Заедничкиот меморандум на соработка меѓу Софискиот и Битолскиот државен Универзитет, во функција на негово интензивирање преку одржување на заеднички активности и истражувања, како и изнаоѓање на механизми за подготовка и апликација на проекти поддржани и финансирани од програмите на Европската Унија. Меморандумот пред една година го потпишаа Ректорот на Битолскиот Универзитет Сашо Коруновски и на Софискиот Универзитет, професор Герџиков.

Проректорот Ѓуровски вчера зема учество на ЕУ проектот „Превекс„ финансиран од програмата „Хоризонт 2020„ за научни иустражувања и иновации. Посебен акцент на меѓународниот семинар од негова страна беше ставен на факторите, контекстите и развивањето на насилниот екстремизам низ призмата на јавните политики и стратегии. Важен процес според професорот Ѓуровски е дерадикализацијата и ресоцијализацијата на лицата странски борци повратници или радикални поединци кои злоупотребувајќи ја верата може да направат безбедносни проблеми во земјата и пошироко. Меѓу другото беше искажано загрижување за појавата на политички екстремизам и радикализам кој по земјите од Европската Унија има индиции за појава и во земјите од Западниот Балкан.

Можете да прочитате

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе се покаже на изборите

Битиќи: Случајот со концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ се затвори пред две години, денес е донесена конечната пресуда

Камион се запали на превојот Плетвар