Утрински Весник
Македонија

Пронајден хероин при претрес во Гостивар

Вчера претпладне, во 10.45 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода 60-годишниот Х.С. од Гостивар, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– При претрес во неговиот дом и во возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, во возилото биле пронајдени и одземени 15 пакувања со хероин, додека при преглед кај него биле пронајдени пари, соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш