По тридневна потрага, денес се појави лекарот од Сибир, Александар Мураховски, кој минатата година го лекуваше рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
Тој исчезна по ловот, а во потрагата по него беа вклучени хеликоптери и беспилотни летала бидејќи исчезна на непристапен терен, јавуваат руските агенции.
Потрагата е покрената во шумите на регионот Омск, кој се наоѓа на околу 2.200 километри источно од Москва, откако Мураховски во петокот ја напушти базата на шумското ловиште со теренско возило, објави „Ројтерс“.
Мураховски излегол од шумата сам и воспоставил контакт со жителите на селото Басли, јави новинската агенција РИА за соопштението на регионалната влада на Омск.
Тој беше во нормална состојба, иако од претпазливост е прегледан во Окружната болница „Бољшеуковски“, пренесува РИА за тврдењата на властите.
Missing doctor who treated #Navalny in Siberia found alive https://t.co/lj01hnaNDp
— Sputnik (@SputnikInt) May 10, 2021
Мураховски беше главен лекар во болницата во сибирскиот град Омск, каде што се лекуваше Навални, откако најверојатно беше отруен со новичок, а потоа беше унапреден во регионален министер за здравство.
Пред мистеријата на третиот лекар кој го лекуваше Навални, двајца лекари кои исто така го лекуваа ненадејно починаа.