Утрински Весник
Македонија

Пронајдено исчезнато лице набргу по пријавата дека се оддалечило од домот

По преземените мерки и активности, денеска, во 00.05 часот, на патот за Марков Манастир, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево го пронашле З. С. (50) од с. Зелениково, кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од домот.

Имено, околу 22.30 часот, во Полициската станица Драчево З. С. (55) од с. Зелениково, пријавил дека неговиот 50-годишен брат, кој имал здравствени проблеми, се оддалечил од дома.

По пронаоѓањето, лицето било однесено во Полициската станица Драчево и му било предадено на семејството.

Можете да прочитате

Македонија и ТУРКСОЈ потпишаа Меморандум за зајакнување на културната соработка

СДСМ: ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ

Тошковски: Новата систематизација во МВР ќе ја намали раководната структура за над 30 проценти