Утрински Весник
Свет

Пронајдени делови од паднатиот руски авион, се стравува дека нема преживени

Пронајдени делови од паднатиот руски авион, се стравува дека нема преживени

Остатоци од авионот „ан-26“, кој исчезна со најмалку 28 патници и членови на екипажот на пат кон Камчатка, се пронајдени на брегот кај Охотск. Според надлежното министерство, авионот паднал на околу 4 километри од аеродромот.

Првичните проценки се дека во несреќата нема преживеани.

Рускиот авион „ан-26“ ја згубил комуникацијата за време на летот над Камчатка додека летал од Петропавловск кон Палана. Авионот исчезнал од радарот околу 14:55 часот по локално време, а во леталото имало шест членови на екипажот и 22 патници, од кои две деца.

Руското Министерство за кризни состојби соопшти дека ги испитуваат деталите за да откријат што се случило со авионот.

Како што дознава ТАСС, авионот бил технички исправен, а пилотот, наводно, не пријавил дефект.

Спасувачките екипи сè уште не успеале физички да стигнат до леталото.

На местото на настанот времето било лошо, облачно и магливо. Паднатиот „ан-26“ бил произведен во 1982 година, а неговиот сертификат истекувал на 30 август годинава.

Според службите за итни случаи, авионот бил технички исправен пред полетувањето.

Можете да прочитате

Напад во близина на нуклеарната централа Бушер во Иран

Русија ги продава своите златни резерви за да го закрепне својот буџет

САД и Ирак ќе ја „интензивираат соработката“