Утрински Весник
Култура

Промоција на три изданија на Институтот за македонска литература

Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик во Скопје, в среда (1 јуни) ќе се одржи промоција на три авторски изданија на Институтот за македонска литература.

Станува збор за научните дела „Културното наследство и вредносните канони“ од Маја Јакимовска – Тошиќ, „Културните икони и македонското културно наследство“ од Валентина Миронска – Христовска и „Хуманологија “ од Африм А. Реџепи.

Како што информираат од Институтот за македонска литература, за особеностите и вредностите на овие книги промотивни излагања ќе имаат Илија Велев, Славчо Ковилоски и Александар Прокопиев, а модератор на средбата ќе биде Елена Кузманов.

 

Текстот Промоција на три изданија на Институтот за македонска литература е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“