Утрински Весник
Култура

Промоција на научната книга „Конески како тестамент“

На промоцијата која ќе се случи на 07.06.2022 година со почеток во 19.00 часот, книгата ќе биде претставена со осврт на Иван Антоновски и со разговор меѓу него и Мојсова-Чепишевска, со прашања отворени и поттикнати со „Конески како тестамент“. Музичката програма на настанот ќе биде во изведба на Каролина Петровска на пијано.

Книгата „Конески како тестамент“ е резултат на долгогодишната посветеност на Мојсова-Чепишевска на делото на Блаже Конески. Во книгата се отвораат повеќе прашања и се анализираат сегменти од делото на великанот, коишто претходно не се согледани или потемелито анализирани и коментари од македонската книжевна наука. Со иновативен книжевно-теориски, историографски и културолошки пристап, во оваа книга, Мојсова-Чепишевска предочува и низа малку познати информации, податоци и интерпретации и доаѓа до низа тези, согледби и заклучоци, коишто претставуваат ново исчитување и валоризација на делото на Конески како нулта точка на современата македонска култура.

Настанот ќе се одржи во Салон 19:19

Текстот Промоција на научната книга „Конески како тестамент“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“