Утрински Весник
Култура

Промоција на книгата „Соништа на писателот“ од Мимоза Рајл

Во четврток во 19:19 часот во Салон 19:19 ќе се одржи промоција на книгата „Соништа на писателот“ од Мимоза Рајл , издавач: Арс Ламина.

Се работи за драмско – музичка промоција на книгата „Соништа на писателот“, а ќе учествуваат еминентни уметници, актери и музичари.

“Соништа на Писателот” е најновото дело на д-р Рајл во корпусот на едно разнородно уметничко творештво, во кое преку главните ликови ги решаваме вечните прашања, се соочуваме со себе си и нашиот животен пат, се до новата свесност на убавината и смислата.

Д-р Мимоза Рајл е директор на институтот за сценски уметности на “Интернационалниот универзитет Еуропа Прима” во Скопје. Таа е професор по Естетика на аудио-визуелните уметности, како и есеист, колумнист, театарски критичар и поет.

Текстот Промоција на книгата „Соништа на писателот“ од Мимоза Рајл е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“