Утрински Весник
Култура

Промоција на книгата „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски

На 18 мај 2022 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски.

Книгата е добитник на престижната награда „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра поетска книга во 2021 година.

За книгата ќе зборува проф. д-р Лидија Капушевска – Дракулевска а стихови од наградената книга ќе кажува актерот Андреј Серафимовски

Настанот ќе се одржи во спомен – собата на Миладиновци.

Санде Стојчевски – поет, критичар, есеист, антологичар, полемичар и препејувач. Роден е 1948 година. Автор е на 70 книги од сите жарнови, преведуван е на многу јазици и добитник е на повеќе награди во Македонија и странство, меѓу кои „Браќа Миладиновци“ на СВП и „Ореден Мајаковски“ на Сојузот на руските писатели. Оваа година го одбележува јубилејот, 50 години од излегувањето на неговата прва книга „Кралот на лебедите“ во 1972 година.

Текстот Промоција на книгата „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“