Утрински Весник
Култура

Промотивен настан на Саемот на книга по повод 5 Мај – Ден на македонскиот јазик

По повод 5ти Мај, Ден на македонскиот јазик на Саемот на книга 2022 ќе се одржи промотивен настан насловен како “Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!” со почеток во 19.00 часот во Промотивниот центар во Арена Борис Трајковски.

Настанот е во организација на ,,Арс Ламина,, – Скопје.

На промотивниот настан ќе се даде осврт на најзначајните творци на македонската книжевност: Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Солев итн

Саемот на книга ќе се одржи во АРЕНА Борис Трајковски од 3 до 9 мај.

Работно време за посетители на саемот е секој ден од 10.00 до 20.00 часот.

Текстот Промотивен настан на Саемот на книга по повод 5 Мај – Ден на македонскиот јазик е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“