Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и постудено време

Променливо облачно и постудено време

Денеска времето ќе биде променливо облачно и постудено. Претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец(над 70км/ч.), особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната од 1 до 8 степени.

Во Скопје, променливо облачно со засилен, повремено силен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје

Голем пожар кај Милетино, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево

Од Македонија до Лос Анџелес: „Приказната за Силјан“ со две номинации за Emmy Awards