Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со температури до 12 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад со врнежи од снег, информираат од УХМР.

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне значително облачно и магливо. Во попладневните и вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 10 степени.

До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветер од северен правец. Стабилизирање на времето ќе има од среда со ниски утрински и дневни температури.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни