Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Воведувањето продолжен полициски час, кој почнува од 16:00 до 5:00 часот секој работен ден и од 16:00 часот во петок до 5:00 часот во понеделник, предизвика промени во железничкиот возен ред.
Од Железници информираат дека од денеска ќе сообраќаат возовите на релација Велес – Скопје – Велес, и тоа возот 601 по возен ред со поаѓање од Скопје во 9:15 часот, возот 2080 ќе сообраќа пред време со поаѓање од Велес во 11:30 часот, возот 2081 ќе сообраќа пред време со поаѓање од Скопје во 12:40 часот, и возот 2082 со поаѓање од Велес во 13:44 часот.
Од понеделник до петок ќе сообраќа ад хок патнички воз на релација Скопје – Велес со планирано поаѓање од Скопје во 5:45 часот и пристигнување во Велес во 6:30 часот, гарнитура за возот 630 од Велес.
– На релација Скопје – Гевгелија – Скопје ќе сообраќаат: возот 611 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 6:23 часот, возот 632 ќе сообраќа пред време со поаѓање од Гевгелија во 11:30 часот и возот 630 од Велес со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од 32 минути и ќе поаѓа од Велес во 6:45 часот, соопштуваат од Железници.
Оттаму посочуваат дека на релација Скопје – Битола – Скопје ќе сообраќа возот 641 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 6:57 часот и возот 642 кој ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Битола во 10:50 часот.
Денеска, како што се наведува во соопштението, ќе сообраќаат и возовите 640 на релација Битола – Скопје и 661 на релација Кичево – Скопје. Останатите возови планирани со возниот ред 2019/2020 година нема да сообраќаат. бт/мд/