Утрински Весник
Свет

Промената на полот е кривично дело, чешкиот претседател застана на страната на Орбан

Промената на полот е кривично дело, чешкиот претседател застана на страната на Орбан

Чешкиот претседател Милош Земан коментирајќи го унгарскиот закон со кој се забранува ЛГБТ-материјалот во училиштата, изјави дека трансродовите луѓе му биле „одвратни“.

„Ако се подложите на операција за промена на полот, во основа извршувате кривично дело самоповредување“, изјавил Земан пренесуваат европските медиуми.

„Секоја операција е ризик и овие трансродови луѓе ми се одвратни“, нагласил тој.

„Виктор Орбан рече дека не е против хомосексуалците, но дека е против манипулацијата со родителите и децата во врска со сексуалното образование, затоа, не гледам причина да не се согласувам со него, затоа што ме нервираат феминистките, движењето „И јас“ и „Прашката парада на гордоста“, додаде тој.

На самитот на ЕУ минатата недела, холандскиот премиер Марк Руте му рече на унгарскиот премиер Виктор Орбан да ги почитува правата на ЛГБТ или да го напушти европскиот блок. Повеќе од половина од 27-те земји-членки на ЕУ се спротивставија на законот, но Чешка сè уште не го стори тоа.

Земан рече дека пресудата е мешање во внатрешните работи на земјата.

Во меѓувреме, унгарскиот министер за надворешни работи оцени дека либералната струја иницираше глобален напад на лажни вести врз Унгарија во врска со неодамна донесениот закон.

„Сè што кажуваат е лага, сè што ќе кажат нема никаква врска со законот што го усвоивме во интерес на заштитата на децата“, рече Петер Сијарто.

Законот, додаде Сијарто, вели дека децата мора да бидат заштитени од педофили, од една страна, и дека образованието на децата во врска со сексуалната ориентација е ексклузивно право на родителите, од друга страна.

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк