Утрински Весник
Македонија

Пролетна еко превентивна акција на Општина Новаци

Пролетна еко превентивна акција на Општина Новаци
Dik 300x250 mk

Новаци, 21 март 2020 (МИА)Општина Новаци во соработка со ЈКП „Комунална хигиена“ – Новаци реализира еко и превентивна акција за заштита од Ковид-19.

Во текот на денот извршено е миење на локалните улици, дезинфицирани се јавните површини и објекти, а се чистат и депонии на подрачјето на тамошната локална самоуправа.

– Секојдневно и конкретно влијаеме врз граѓаните за тоа како се подобрува јавната хигиена, а деновиве паралелно информираме за владините и општинските мерки за заштита од Ковид-19. Апелирам да не се создаваат нови депонии, но повеќе од се апелирам секој граѓанин без потреба да не излегува од дома и секој жител на општината да се чувствува одговорен во борбата против ширењето на коронавирусот, истакна градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.мт/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената