Утрински Весник
Македонија

Пролетната сеидба на земјоделски култури во Пелагонија во полн ек

Пролетната сеидба на земјоделски култури во Пелагонија во полн ек

Битола, 23 април 2020 (МИА) – Пролетната сеидба и другите агро активности во битолскиот дел на Пелагонија е во полн ек. Земјоделците во овој период од годината ја подготвуваат почвата за сеење на поледелски култури, а зависно од видот и фазата на плевелите, кај пченицата и јачменот се реализира и третманот со хербициди.

Во Пелагонија до крајот на месецов се очекува да бидат посадени раните домати и краставиците, во дел од битолските села земјоделците засадуваат јагоди, а во бистричкиот крај се врши интензивна заштита на растенијата кај овошните видови, со цел да не се дозволи масивен развој на болести и штетниците.

Месец април е погоден за набавка на пчелни семејства, тие мора да бидат здрави, без заразни болести и без карантин, велат битолските пчелари.

-Овој месец процветуваат сите овошни видови од кои што пчелите собираат полен и нектар. Кон крајот на месецот се врши замена на старите пчели кои што презимиле, со нови. Претходно се подготвени потребниот број рамки со изградени погачи од магацин во согласност со бројот на пчелните семејства кои што ќе се пренесуваат, така што секое пчелно семејство треба да има барем по две изградени погачи за во две куќишта, појаснуваат одгледувачите на пчели во овој крај. мт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стевчо Јакимовски му возврати на Борко – Се прашуваш ли дали си достоен да ја извршуаат оваа функција?

СДСМ бара оставка од министерот за спорт Борко Ристовски

Пожарот кај Крива Паланка се шири кон куќите, стигна и до Србија