Во Општина Ново село ќе се одржи пролетен настан „Пролетен концерт“, со кој преку дружење со музика и вино се гради традиција на негување на винска култура.
Врвните италијански композитори инспирирани од вечната љубов на вљубените ги создале најубавите оперски дела, а прекрасното Италијанско поднебје го даде, карактеристичниот безвременскиот вкус на пијалокот на Боговите- виното- со кое и нашата земја може да се гордее.
Вечерва, пред публиката прекрасните оперски арии и дуети ќе ги испеат младите оперски уметници Марина Јаневска (сопран), Сара Јанева (сопран), Илија Белистојаноски (тенор) и Давид Миладинов (баритон) во клавирска придружба на Елена Сиљаноска.
За музика со посовремен приод и аранжман на кавери, вечерта пред Ново село ќе настапи „Дикато бенд“ состав од академски музичари, бендот како и виното со врвен квалитет, го градат во кругот на семејните вредности- гордиот татко на три прекрасни керки и убавици во созвучје на саксафон, вокал и виолина.
Настанот ќе се одржи на прекрасно локација во Центар на Ново село и во најубав амбиент- под отворено небо на 29 Април 2022 (петок) со почеток од 20 часот.
За дегустација на винските вкусови и Гастрономско уживање на вкусовите ќе се погрижат Шефови на кујни на рестораните на територија на општината.
Текстот Пролетен Концерт е превземен од МАКФАКС.