Утрински Весник
Свет

Проекции: Макрон го губи апсолутното мнозинство во парламентот

Францускиот претседател Емануел Макрон го губи апсолутното мнозинство во парламентот, јавуваат медиумите.

Како што се наведува, коалицијата на Макрон освоила најголем број на гласови, врз основа на првите прелиминарни резултати од изборите во земјата, но тоа, веројано, нема да биде доволно.

Коалицијата „Заедно“ на Макрон ќе има меѓу 205 и 235 пратенички места, од вкупно 577. За апсолутно мнозинство им беа потребни 289.

Левичарите на Меланшон освоија од 170 до 190 пратенички места.

Третопласираните републиканци од класичната десница освоија 60 до 75 пратенички места, а „Националниот фронт“ на крајната десница постигна одличен резултати со 75 до 95 места.

Можете да прочитате

Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа

Американски војници упаднаа на танкер што превезувал нафта од Венецуела

Трамп и Нетанјаху ќе се обидат да го намалат извозот на иранска нафта во Кина