Утрински Весник
Македонија

Проект на ИКС и МЕД за подобри политики за заштита на животната средина

Општина Гевгелија забрани собирања по парковите во ноќните часови

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Шест граѓански организации заедно со средношколци од шест региони во земјава ќе иницираат решавање локални проблеми за заштита на животната средина. Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Македонското еколошко друштво (МЕД) следните две години ќе ги обучуваат еко-активистите и учениците од Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа како да иницираат и претстават одреден проблем во нивниот регион, а во чие решавање ќе ги вклучат граѓаните и институциите.

ИКС и МЕД, преку конкурсот што ќе биде објавен годинава, ќе ги повикаат граѓанските организации да се здружат со едно средно училиште од регионите со заштитени подрачја и да предложат како да се реши локален проблем од областа на животна средина. Избраните организации и училишта ќе учат како да ги развијат комуникациските вештини, да истражуваат врз база на податоци, да застапуваат и лобираат. За да ги реализираат овие активности, граѓанските организации ќе добијат грант од 5.000 евра и менторска поддршка од професионалните тимови на ИКС и МЕД.

Проектот предвидува и изработка на онлајн едукативни ресурси, обуки, еко-камп, теренски истражувања, кои треба да придонесат кон создавање модел на неформално образование што и во иднина ќе може да се користи во случај кога се прекршува правото на здрава животна средина.

Проектот „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“ ќе го води ИКС со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) од 2020 до 2022 година. ев/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме